Достапни линкови

Обама бара поддршка од Џинтао за Сирија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе ја искористи средбата со кинескиот претседател Ху Џинтао да побара помош од Пекинг да се запре насилството во Сирија. Обама се сретна со Ху Џинтао на маргините на Самитот на Г20 во Мексико. Кина е на страната со Русија, односно ги блокираат санкциите на ОН врз владата на претседателот Башар Асад. Кина и Русија, сепак го поддржи планот за набљудувачка мисија во Сирија и договорот за прекин на огнот на специјалниот пратеник на ОН, Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG