Достапни линкови

logo-print

Мисијата на ОН не се повлекува од Сирија


Шефот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија изјави дека силите на ОН ќе останат во Дамаск. Неговите коментари дојдоа неколку дена откако ОН објавија дека ќе ги повлечат 300-те свои набљудувачи, кои се дел од мисијата во Сирија поради загриженоста за нивната безбедност по интензивирањето на борбите. Мисијата беше испратена во Сирија за да следи како се спроведува договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на меѓународниот посредник, Кофи Анан.
Рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот Г20 рече дека за Сирија е важно не само да дојде до промена на власата, туку тоа да се направи уставно, така што после тоа ќе настапи мир и крвопролевањето ќе запре. Опозициските групи велат дека повеќе од 14 илјади луѓе се убиени во Сирија од почетокто на немирите во март 2011 година.
XS
SM
MD
LG