Достапни линкови

logo-print

Обама верува дека ЕУ ќе се справи со кризата


Американскиот претседател Барак Обама вели дека е убеден оти Европа ќе ја реши својата должничка криза. Тој изјави дека европските лидери покажале „зголемено чувство на итност“ за време на дводневниот самит на Г-20 во Мексико. Обама рече дека Европа има ресурси за решавање на кризата по свое и дека САД кои се уште имаат свои економски проблеми не можат да ветат дека би им помогнале на своите меѓународни партнери. Во изјавата за медиумите на крајот од самитот на Г20, Обама, исто така, рече дека Русија и Кина ја сфатиле опасноста од граѓанска војна во Сирија, но дека уште не се подготвени да се согласи со било каков план да се поттике претседателот Башар Асад да си оди од власта.
XS
SM
MD
LG