Достапни линкови

logo-print

Шевченко се збогува од украинската репрезентација


Капитенот на фудбалската репрезентација на Украина Андриј Шевченко синоќа изјави дека го одиграл последниот натпревар за националната селекција. Тој ова го соопшти на прес конференцијата по натпреварот со Англија, по кој Украина беше исфрлена од шампионатот ЕУРО 2012 поради поразот од 1 спрема нула. Шевченко изјави дека ќе одигра уште еден пријателски натпревар за да се збогува со своите обожаватели.
Триесет и петгодишниот Шевченко беше прогласен за најдобар светски фудбалер во 2004 година, а до сега има 111 настапи во дресот на украинската репрезентација.
XS
SM
MD
LG