Достапни линкови

logo-print

Мубарак, жив или мртов ?


Во светските медиуми се појавија контроверзни информации за здравствена состојба на поранешниот односно соборениот претседател на Египет Хосни Мубарак. Дел од новинските агенции и египетските медиуми јавуваат дека Муабарак е во кома и дека лекарите во затворот се уште се борат за неговиот живот, додека пак државната агенција Мена јавува дека Мубарак е прогласен за клинички мртов откако претходно добил срцев удар. Мубарак е осуден на почетокот на месецов на доживотен затвор поради убиствата на цивили за време на демонстрациите со кои минатата година беше сменет неговиот 30 годишен режим.
XS
SM
MD
LG