Достапни линкови

logo-print

Високо образование за жителите на грузиските територии


Грузиското министерство за oбразование изрази подготвеност да им понуди високо образование на жителите во двата грузиски сепаратистички региони кои добиле лични документи за неутрален статус. Таканаречените неутрални патни исправи им се доделуваат на жителите на Абхазија и Јужна Осетија, согласно државната стратегија за окупирани територии. Властите во регионите ја осудија иницијативата за документите, додека американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Тбилиси изјави дека САД ќе ги признаат исправите.
XS
SM
MD
LG