Достапни линкови

Единаесет отсто од децата биле жртви на физичко насилство


Единаесет проценти од момчињата и девојчињата биле изложени на физичка злоупотреба, а 30 проценти биле емоционално занемарени, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од Клиниката за психијатрија врз репрезентативен примерок од ученици од четврта година во средните училишта и студенти од прва и четврта година на четири универзитети во Македонија. Др. Марија Ралева од Клиниката за психијатрија рече дека според резултатите од истражувањето, сексуалната злоупотреба е позастапена кај момчињата отколку кај девојчињата што според неа е еден образец кој не се сретнува во другите средини. „Студијата покажа дека сите видови злоупотреба имаат тенденција да се кумулираат односно да предизвикаат долготрајни последици кои се одразуваат врз здравјето. Ризикот од конзумирање дроги, алкохол и самоубситво е значително зголемен поради негативните искуства од детството“ изјави Ралева.
XS
SM
MD
LG