Достапни линкови

logo-print

ВМРО контра СДСМ: Кој ja изгради ХЕЦ Козјак?


Хидроелектраната „Козјак“ е најголемиот и единствен енергетски објект изграден во периодот на независна Македонија, со вкупна вредност од 173 милиони долари чија градба почна во времето на СДСМ, изјави денеска лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој посочи дека во изминатите шест години во енергетскиот сектор во Македонија не се направило ништо и од земја која сама со сопствено производство си го обезбедувала потребното количество електрична енергија денеска увезува повеќе од 30 отсто од потребите. Околу 70 проценти од средствата инвестирани и работите кои беа завршени околку браната „Козјак“ се за време на мандати на владите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски. Тие ангажмани и средства инвестирани во изградбата на оваа брана се од пресудно значење и се клучни за финализирање на оваа хидроцентрала, наспроти фактот дека Црвенковски го одолговлекуваше нејзиното градење, рече портпаролот на владеачката партија.
XS
SM
MD
LG