Достапни линкови

logo-print

Тетово останува без автентични стари градби


Стара архитектура во Тетово

Стара архитектура во Тетово

Куќата на Богоевиќи изградена кон крајот на 19 век неодамна е целосноо урната, откако од Управата за заштита на културното наследство одлучиле да ја отстранат од листата на заштитени споменици на културата.

Се менува ликот на некогашното Тетово. Старата градска архитектура која во минатото беше заштитен знак на градот под Шара од година в година се помалку ја има.
Веќе ги имаше изгубено особините на културно наследство, освен тоа имаше многу несогласувања со сопствениците, имаше повеќе од осум сопственици кои потоа водеа некакви спорови и сето тоа заврши несреќно по самата градба, кој имаш елементи на многу прекрасна архитектура.

Старите градби кои му го даваа автентичниот белег на Тетово, полека ги снемува. Последен пример за тоа е куќата на Богоевиќи изградена кон крајот на 19 век. Објектот неодамна е целосно е урнат, откако од Управата за заштита на културното наследство одлучиле да ја отстранат од листата на заштитени споменици на културата.

Поради руинираноста на објектот, од Управата појаснуваат дека биле принудени на ваков чекор. За овој објект меѓу сопствениците постоел имотно правен спор, а според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, државата немала финансиски средства да го одржува. Дополнителен проблем бил и имотно правниот спор, кој постоел меѓу сопствениците на куќата, појаснува Кузман.
Стара куќа.

Стара куќа.


„Веќе ги имаше изгубено особините на културно наследство, освен тоа имаше многу несогласувања со сопствениците, имаше повеќе од осум сопственици кои потоа водеа некакви спорови и сето тоа заврши несреќно по самата градба, кој имаш елементи на многу прекрасна архитектура.“

Според Кузман, во Тетово има многу историски објекти кои пропаѓаат заслужуваат да бидат заштитени со закон. Во тек е постапка на валоризација на објекти, за кои во иднина ќе се утврдува дали треба да бидат заштитени.

„Во тек се тие работи не не може да се постигне бидејќи знаете како е, нашите институции немаат ни доволно стручен кадар, немаат доволно финансиски средства.“

Освен централните, интерес за заштита на старата градска архитектура во Тетово треба да покажат и општинските власти, сметаат историчарите и истражувачите на тетовско минато. Според нив, архитектура е обележјето на градот, негов заштитен знак и споменик на едно минато време, кое треба на секаков начин да биде заштитено од заборав, но и од забот на времето. Инаку многу стари градби автентични за раниот период на 20 век се урнати. Повеќе го нема и Теаречкиот ан, на негово место се издигнати неколку згради. Пред 1 година беше урната Гамгам џамијата, според некои историчари и најстариот објект во градот, изграден пред повеќе од 5 века.
XS
SM
MD
LG