Достапни линкови

Четворица осудени за воени злосторства во Србија


Српскиот суд им изрече казни на четворица поранешни полицајци за воени злосторства во текот на војната од 1991-1995 година во Хрватска. Обвинетите се товарат за убиства на шестмина цивили во хрватскиот град Бели Манастир. Тројца добија затворски казни од 18 месеци до 10 години додека четвртиот поранешен полицаец е осуден на 20 години. Обвинителството најави жалба за трите најниски казни.
XS
SM
MD
LG