Достапни линкови

Иванов очекува одговорно однесување од Грција


Очекуваме тоа што сите очекуваат од Грција, односно одговорно да се однесува кон преземените обврски, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов. „Грција има обврски и кон нас со Времената спогодба, со рамката која е во Обединетите нации, па и со пресудата од Меѓународниот суд во Хаг. Доколку одговорно се однесува постои можност да се дојде до решение. Доколку не се однесува одговорно, повторно ќе се одлага процесот и ќе се бараат изговори“ рече Иванов. Коментирајќи дали очекува одговорно однесување од лидерот на Нова демократија Андонис Самарас,кој победи на изборите во Грција, Иванов рече дека имајќи ја предвид неговата биографија и што се` правел во животот и политиката, во иднина се е можно.
XS
SM
MD
LG