Достапни линкови

Двајца тинејџери убиени во Појасот Газа


Двајца палестински тинејџери загинале во израелски воздушен напад во појасот Газа, јавија медиумите. Палестинските медицински екипи потврдија дека телата на момчињата биле пронајдени во близина на израелската граница, источно од Деир ал-Балах. Израелската армија соопшти дека летало испукало ракета кон двајцата тинејџери откако било утврдено дека ракуваат со експлозивна направа. Властите во Газа демантираат дека загинатите биле припадници на вооружена група.
XS
SM
MD
LG