Достапни линкови

Путин најави присуство на џудо натпреварите на ОИ во Лондон


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин му изјавил на британскиот премиер Дејвид Камерон во Лос Кабос, Мексико, каде што се одржува самитот на Г20, дека би можело да присуствува на некои настани на Летните Олимписки игри во Лондон. Тој посебно би сакал да ги гледа натпреварите во џудо, за што се интересира уште од средното училиште. Последен пат Путин престојувал во Лондон пред девет години. Односите меѓу двете земји се заладени откако во 2006 година во Лондон беше убиен поранешниот припадник на КГБ Александар Литвиненко. Британските власти сметаат дека зад ова убиство стојат руските тајни служби.
XS
SM
MD
LG