Достапни линкови

logo-print

Авганистан: напаѓачи во полициска униформа убиле американски војник


Еден американски војник бил убиен, а неколкумина други ранети кога група напаѓачи, во униформи на авганистанската полиција отвориле оган врз нив, соопштија американски претставници во Кабул, наведувајќи дека тоа се случило на југот на земјата. Портпаролот на меѓународните сили Џејми Грејбл потврди дека бил убиен еден војник, додека тројцата напаѓачи побегнале. Тој додаде деке не е јасно дали тие навистина биле припадници на авганистанската полиција или само носеле нивни униформи. Во меѓувреме, агенциите јавија дека талибанци во полициски униформи убиле тројца авганистански полицајци на еден контролен пункт во Кандахар.
XS
SM
MD
LG