Достапни линкови

Курдските бунтовници убиле неколку турски војници


Најмалку седум турски војници биле убиени, додека 15 други ранети во напад врз нивните позиции што го извршиле курдските бунтовници, јавуваат турските медиуми. Се прецизира дека тоа се случило во југоисточната провинција Хакари, во близина на границата со Ирак и Иран. Веднаш потоа следувал контранапад на турските воздушни и копнени сили. Припадниците на забранетата Курдистанска работничка партија веќе 30 години се борат за поголема автономија на курдите во Турција.
XS
SM
MD
LG