Достапни линкови

Нереди во Мостар по мечот меѓу Хрватска и Шпанија


По завршувањето на фудбалскиот натпревар на ЕУРО 2012 со што Хрватска беше елиминирана од Шпанија, синоќа во центарот на Мостар дошло до нереди на навивачите во кои биле повредени неколкумина полицајци.

Локалните медиуми јавуваат дека неколку стотици млади луѓе во дресови на хрватската репрезентација тргнале кон поранешната воена линија на разграничување кај Шпанскиот плоштад каде што биле запрени од полицајците.

Притоа врз нив биле фрлани камења, а полицијата употребила солзавец. Приведени биле неколку лица, а била причинета и значителна материјална штета.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG