Достапни линкови

logo-print

Шпанија и Италија во четвртфиналето


Голот на Хесус Навас

Голот на Хесус Навас

Шпанија и Италија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство во фудбал што се игра во Полска и во Украина. Во третото коло од групата Ц синоќа Шпанија ја победи Хрватска со 1:0 со голот на Хесус Навас во 88 минута, додека Италија ја совлада Ирска со 2:0, а стрелци беа Касано во 35 и Балотели во 90 минута.
Вечер на програмата е третото коло и разврската во групата Д. Се среќаваат Украина-Англија и Франција-Шведска. Франција и Англија имаат по 4 бода, Украина три, а Шведска нема ниеден бод и е без шанси за пласман во четвртфиналето.
XS
SM
MD
LG