Достапни линкови

Руски бродови ќе отпловат кон Сирија


Русија наводно се подготвува за испраќање на два брода со непознат број на маринци на мисија за заштита на руски државјани и руска воена база во Сирија. Новинската агенција „Интерфакс“ се повикува на неименуван извор од руската морнарица кој потврдил дека двата брода ќе отпловат кон сиријското пристаниште Тартус, каде се наоѓа руската база. Во новинскиот извештај е наведено дека на бродовите ќе има „многумина маринци“. Во меѓувреме сиријските активисти тврдат дека се врши ново гранатирање на градот Хомс. Судири наводно се случиле во уште неколку делови на Дамаск.
XS
SM
MD
LG