Достапни линкови

Четворица загинати во експлозија во Авганистан


илустрација

илустрација

Четворица полицајци и еден цивил загинале во експлозија на бомба во североистокот на Авганистан. Провинцијалните власти соопштија дека експлозивната направа била далечински активирана и дека во експлозијата загинал командантот на Авганистанската локална полиција, агенција која е финансирана од Соединетите американски држави. Меѓу останатите загинати се неговиот син, двајца стражари и цивил. Инцидентот се случил на пазар во провинцијата каписа. Најмалку 15 лица се повредени.
XS
SM
MD
LG