Достапни линкови

Собраниска дискусија за МРТВ


Собранието на Република Македонија разгледуваше повеќе предлог одлуки за одобрување на финансиски планови, како и Годишниот финансиски извештај на Македонската радио-телевизија за 2011 година. Пратениците ја разгледуваа и Предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на МРТВ за редовни и инвестициски активности на Собранискиот канал. Пратеникот од СДСМ Јани Макрадули побара поголема независност на собранискиот канал, порачувајки тој медиумски простор да не се користи за реклами на Владата, туку да се остави можност на него да се пренесуваат и дебатни емисии во кои би учествувале пратеници од различни партии. Реплицирајќи му, Слободан Чашуле од Управниот одбор на МРТВ, рече дека уште пред извесен период било препорачано Советот на Собранискиот канал да ја преземе уредувачката политика, додека МРТВ би давала само техничка поддршка. Гласањето по предлог одлуките е одложено за утре поради немање кворум.
XS
SM
MD
LG