Достапни линкови

Најавена церемонија за примопредавање на власта во Египет


Египетскиот владеачки Воен совет потврди дека прави планови за предавање на власта на новоизбраниот претседател до крајот на месецов. Висок претставник на воениот совет, Генерал – Мајор Мохамед ал – Асар во изјава за медиумите вели дека за примопредавањето ќе се опрганизира грандиозна церемонија. За сега не е познат точниот датум. Победникот на претседателските избори во земјата ќе биде познат во четврток. Муслиманското Братство прогласи победа на нивниот кандидат Мохамед Мурси, повикувајки се на прелиминарни неофицијални резултати.
XS
SM
MD
LG