Достапни линкови

Нови обвиненија против Тимошенко


Политичари од Соединетите американски држави и Европа се сомневаат дека веќе постоечките обвиненија се политички мотивирани

Политичари од Соединетите американски држави и Европа се сомневаат дека веќе постоечките обвиненија се политички мотивирани

Украински обвинител изјави дека екс-премиерката Јулија Тимошенко ќе се соочи со обвиненија за убиството на пратеник пред 16 години. Заменикот на јавниот обвинител Ренат Кузмин рече дека има доволно докази кои ја врзуваат Тимошенко со убиството на пратеникот Јефхен Шербан, кој беше застрелан во Донетск. Обвинителите сметаат дека случајот е во врска со контрола на енергетски ресурси. Тимошенко веќе отслужува затворска казна под обвиненија за злоупотреба на службената должност.
XS
SM
MD
LG