Достапни линкови

Нова демократија доби мандат за формирање грчка влада


Грчката конзервативна Нова демократија доби мандат од претседателот за започнување на разговорите за коалицирање, откако партијата победи на изборите во земјата. Партискиот лидер Антонис Самарас изјави дека ќе се стреми кон формирање на долгорочна влада на национално единство која ќе ги имплементира мерките за штедње потребни за добивање на странска помош за задолжената земја. Победата на конзервативните провремено ги смири стравувањата дека Грција може да ја напушти Еврозоната, потег кој, според аналитичарите, би можел да предизвика финансиски хаос.
XS
SM
MD
LG