Достапни линкови

ОН: Гранатирањата во Сирија се злостор против човештвото


Нави Пилај

Нави Пилај

Шефот за човекови права при Обединетите нации ја обвини владата во Сирија за злосторства против човештвото, поради нападите на населени места со тешка артилерија. Комесарот за човекови права Нави Пилај рече дека гранатирањето на населените места претставува злостор против човештвото и можеби воено злосторство. Таа додаде дека напаѓачите, вклучувајки ги и оние кои ја нападнаа набљудувачката мисија на Обединетите нации, мора да бидат казнети.
XS
SM
MD
LG