Достапни линкови

Ваши коментари - кавги и за имињата на улиците


Променетите имиња на улиците во Скопје и однесувањето на опозицијата, предизвикаа најмногу коментари.

Стигнавме дотаму да се караме и за имињата на улиците, а ако некому и му беше целта да ги раскара меѓусебно Македонците, дали за улиците, дали за спомениците - тоа и му успеа.
Незадоволни граѓани од преименувањето на улиците предизвикаа гужва пред влезот на Советот на град Скопје.
Незадоволни граѓани од преименувањето на улиците предизвикаа гужва пред влезот на Советот на град Скопје.

На нашата веб-страница може да се забележи и нешто друго. Пишување пораки и коментари од исти луѓе, кои во себе носат определена доза омраза кон нешто и некого, па катаден го преповторуваат мислење. Што е нивно право, се разбира.
СДСМ сака да ги задржи имињата на улиците кои немаат врска со македонската историја.
Коментар на читател.

Значи, на нашата информација за протестот на СДСМ против преименувањето на мостот, кој децении наназад се викаше по народниот херој Стив Наумов кај Холидеј Ин во Скопје, Владо од Скопје поаѓа од своите предубедувања дека СДСМ сака да ги задржи имињата на улиците кои немале врска, како што пишува, со македонската историја. Инаку, СДСМ протестираше за тоа дека Стив Наумов, еден од хероите од времето кога овој народ се бореше против фашистичкиот окупатор, заедно со цела Европа и Америка, го губи своето име на мостот, иако владејачката партија се правда дека името ќе му се чита на друга улица. Пораката потоа ја насочува кон анализа на политичкото однесување на најголемата опозициона партија и нејзиниот лидер, па вели дека коалицијата со другите опозициони партии ќе доживеела дебакл, а била само личен интерес за враќање на власт на тие партии.

Велко од Козле порачува кратко и јасно: „Да живее СДСМ на чело со Бранко Црвенковски!.

Нашето редовно неделно интервју овојпат е со претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски, кој, покрај другото, изјави дека би сторил се', дури и би коалицирал и со СДСМ за да се урне сегашнава власт.

Слушател потпишан со МКД како да го дополнува па му порачува дека се качувал на брод што тонел, а редовниот Владо повторно пишува дека ниту една опозициска партија немала јасна платформа и дека и тие да биле на власт немале ништо да сторат со економската криза која, како што вели, е предизвикана од јужниот сосед и од Европа.

Очигледно народот ни е многу заинтересиран за политика и за тоа кој со кого ќе коалицира, па Ацо дури од Швајцарија по текстот „Ем во коалиција, ем со различни ставови“, односно, дали е можен таканаречен трет блок, порачува дека опозиционата коалиција не нудела никакви идеи, и дека затоа ќе чекале долго во чекалната за власт.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG