Достапни линкови

Египет: оспорена победата на Муслиманско братство


Изборниот штаб на исламистичкото Муслиманско братство денеска прогласи победа на својот кандидат Мохамед Морси на претседателските избори во Египет. Тоа веднаш беше оспорено од неговиот најголем ривал Ахмад Шафик, поранешен премиер од времето на владеењето на Хосни Мубарак. Без оглед кој ќе победи на изборите, најголемата власт во Египет, се до распишувањето нови парламентарни избори, и натаму ќе ја има војската. Таа во саботата го распушти парламентот што наиде на жестоко противење од Муслиманското братство кое имаше најголем број пратеници.
XS
SM
MD
LG