Достапни линкови

logo-print

Нови правила за туристите во Црна Гора


На туристите кои престојувале во Црна Гора при излезот од таа земја им се бара да покажат потврда за пријава на престојот. Тоа, како што јавуваат тамошните весници, прави голема конфузија на граничните премини, бидејќи туристите воопшто не биле информирани за новото правило што го донесе министерството за внатрешни работи. Според новиот пропис, секој турист кој престојува подолго од седум дена мора да биде пријавен во полицијата.
XS
SM
MD
LG