Достапни линкови

logo-print

Македонија на 109 место на Индексот на неуспешни држави


Фондот за мир и весникот Форин полиси денеска го објавија осмото издание на Индексот на неуспешни држави во кој се потенцираат политичките, економските и социјалните притисоци врз државите. Колку скорот е повисок толку е повисок и ризикот за нестабилност на една земја. Во Индексот од 178 земји Македонија се најде на 109 место. Во регионот поризични се Босна и Херцеговина на 79 место и Србија на 89. Хрватска се најде на 130 додека, Црна Гора на 133 место. Најризчна земја веќе пет години за ред е Сомалија, а најнеризична Финска која на листата се најде на последното место.
XS
SM
MD
LG