Достапни линкови

ОН: се зголемува бројот на бегалците во светот


Во денешното соопштение на Високиот комесар на Обединетите нации за беглаци се наведува дека конфликтите во светот во 2011 година довеле до 800 илјади нови бегалци. Тоа е најмногу од 2000 година кога биле забележани околу 820 илјади бегалци. Од друга страна, скоро рекордни околу 3 милиони и 200 илјади бегалци во минатата година се вратиле во нивните домови со што бројот на беглаците и на раселените изнесува 42 ипол милони. Високиот број бегалци се должи пред се на конфликтите во Либија, Судан и Сомалија. Водечки извор на бегалци и натаму претставува Авганистан со два милиона и 700 илјади.
XS
SM
MD
LG