Достапни линкови

Во Москва нова рунда преговори со Иран


Денеска во Москва е отворена нова рунда преговори меѓу шестте светски сили и Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма. Делагацијата на Соединетите држави, Русија, Кина, Франција, Британија и Германија е предводена од шефицата на дипломатијата на Европската унија Кетрин Ештон. Според некои извори, оваа делегација била подготвена да ги прекине разговорите доколку и натаму на нив нема да биде постигнат конкретен напредок. Претходната рунда во минатиот месец во Багдад заврши неуспешно.
XS
SM
MD
LG