Достапни линкови

logo-print

Казни за Русија и Полска поради навивачите


Европската фудбалска федерација УЕФА ги казни Русија и Полска за несоодветното однесување на нивните навивачи за време на натпреварите во Полска.

Русија е казнета со 30 илјади евра, бидејќи навивачите прикажувале националистички знамиња и фрлале петарди на натпреварот со Полска на 12 јуни.


Претходно Русија беше казнета со 120 илјади евра за навивачките насилства за време на првиот натправар на таа земја со репрезентацијата на Чешка.

УЕФА исто така истражува дали руските навивачи му извикувале расни навреди на чешкиот репрезентативец Теодор Гебре Селасие.

Полска, исто така, беше казнета со 4 илјади евра, за навивачкиот огномет на натпреварот против Русија.

Русија и Полска во саботата беа елиминирани од натамошните натпревари на Еуро 2012 по поразите од Грција и Чешка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG