Достапни линкови

Грција, првични резултати: води Нова Демократија


Лидерот на Нова Демократија, Андонис Самарас

Лидерот на Нова Демократија, Андонис Самарас

Конзервативната Нова Демократија води по пребројани 21 насто гласови на денешните парламентарни избори во Грција. Според резултатите што почна да ги објавува Централната изборна комисија, партијата на Андонис Самарас засега има 30,9 насто, втора е коалицијата на левицата Сириза со 25,5, а на третото место е социјалистичкиот ПАСОК со 13,3 проценти. Само овие три партии, според првичните резултати, имаат освоено повеќе гласови во споредба со изборите одржани на 6 мај. Другите имаат нешто послаби резултати, односно десничарската Независни Грци има 7,3 насто, неонацистичката Златна зора со 6,8, Демократската левица има 5,9 и Комунистичката партија 4,3 проценти.
Денешните избори беа толкувани како своевиден референдум за останување на Грција во еврозоната. Раководството на Нова Демократија укажуваше дека гласачите се за останување во зоната и таа партија не бара откажување на спогодбата со странските доверители, додека Сириза се залага за длабока ревизија на таа спогодба.
XS
SM
MD
LG