Достапни линкови

Неделен печат - Грешките на Бранко и пропагандата на Груевски


Критики за лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и анализа за тоа што би правела владата без пропагандата, дел од темите во најновите изданија на неделниците.

Неделникот Глобус во една од своите редовни колумни повторно со остри зборови го критикува лидерот на СДСМ, Црвенковски и ги анализира митинзите и политичките настапи на најголемата опозициона партија и на нејзиниот лидер.
Црвенковски може да го тепа Груевски на Водно или во Меана Бе, ама не можеме да дозволиме Македонија да биде журка на која Бранко ќе го нокаутира Никола. Башка што не сме сигурни дека ќе го смачка.

Глобус - Не можеме да дозволиме Македонија да биде журка на која Бранко ќе го нокаутира Никола

Како поента би можела да се извлече констатацијата дека лидер кој дошол до сознание дека народот не го сака како премиер не може да сака народот да го сака како политички лидер што ќе го води во ослободителната битка против ропството на вемерето, како што пишува.
Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски.

Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски.


Црвенковски може да го тепа Груевски на Водно или во Меана Бе, ама не можеме да дозволиме Македонија да биде журка на која Бранко ќе го нокаутира Никола. Башка што не сме сигурни дека ќе го смачка, пишува покрај другото Глобус.
Замислете дека владините реклами се забранети, судството да почне да суди по европски терк, ем неселективно. МРТ да почне да ја третира опозицијата како дел од системот, газди на медиуми да не се коалициски партнери на власта или опозицијата, сеедно. Ако ова го „оствари“ Груевски, тешко дека ќе извојува уште една изборна победа.

Капитал - Овој СДСМ нема шанси на следните избори поради погрешната полика на Црвенковски

И Капитал излезе со уводник во кој остро го напаѓа лидерот на СДСМ. Капитал смета дека овој СДСМ нема шанси на следните избори поради погрешната полика на Црвенковски и ги набројува трите стратешки грешки на Партијата, за кои вели дека се директна одговорност на лидерот. Како прво, неделникот го наведува нејасниот став за проблемот со Грција за името: перцепцијата на јавноста е дека утре да дојде на власт, СДСМ веднаш би направила компромис со Грција! Затоа оваа партија веројатно уште долго нема да добие шанса, заклучува магазинот.

Втората стратешка грешка е односот кон македонската бизнис-заедница: предлог-законот за незастарување на случаите во приватиацијата, за кој уводничарот прашува какви и кому сакаше Црвенковски да му ги упати овие пораки? Кон власта или можеби кон директорите, кои наводно, го изневериле во шесте години наназад и со тоа си ја пресече гранката на која седеше во целата своја политичка кариера - пари веќе ќе нема, „открива“ Капитал.

Третата стратешка грешка, според неделникот, е погрешниот, неселективен и некритички, а многу бучен став на СДСМ кон проектот „Скопје 2014“. Опозициската партија изгледа нема претстава дека, колку и да не го поднесуваат проектот, сепак, многу илјади луѓе јадеа леб од него во претходните три години работејќи на овие проекти, смета, покрај другото, Капитал.

Фокус - Без гебелсштина, овој режим тешко може долго да опстане!

„Доколку Бранковци фрлеа стотина милиони евра на владини реклами, Груевци се' уште ќе беа во опозиција!“ го насловува Фокус текстот за „Пропагандата како единствено средство за одржување на оваа власт“. Споредувајќи го Груевски со нацистичкиот спин-мајстор Гебелс, Фокус им предлага на читателите да си замислат дека владините реклами се забранети, судството да почне да суди по европски терк, ем неселективно. МРТ да почне да ја третира опозицијата како дел од системот, газди на медиуми да не се коалициски партнери на власта или опозицијата, сеедно. Ако ова го „оствари“ Груевски, тешко дека ќе извојува уште една изборна победа. Едноставно, заклучува Фокус, без Гебелсовштина, овој режим тешко може долго да опстане!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG