Достапни линкови

Владина делегација во потрага по руски инвестиции


Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во Русија каде ќе се презентираат можностите за инвестирање во Македонија. Делегацијата ќе посети четири града: Москва, Владимир, Нижњиј Новогород и Санкт Петерсбург. „ За нас е значајно доколку би можеле да оствариме поконкретна соработка со Русија во енергетиката. Знаеме што значи Русија во енергетиката, во технологијата и во кадарот кој е оспособен за вакви области“ изјаљви Груевски во интервју за новинската агенција Итар-Тасс.
XS
SM
MD
LG