Достапни линкови

Чешка и Грција се први четвртфиналисти на „Еуро 2012“


Репрезентациите на Чешка и на Грција се двете селекции кои први обезбедија пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2012, откако на синоќешните натпревари постигнаа минимални победи од 1:0 против конкурентите. На „Мунисипал Стадион“ во Вроцлав, Чешка го совлада ко-домаќинот Полска со голот на Петр Јирачек. Овој резултат на Чешка и носеше сигурен пласман меѓу осумте екипи, бидејќи Полска мораше да победи во овој дуел. Денеска се играат натпреварите од „Б“ групата. На „Стадионот на Металист“ во Харков Португалија игра против Холандија, а на „Арената Л’вов“ е дуелот Данск – Германија. Почетокот на двата натпревара е во 20 часот и 45 минути.
XS
SM
MD
LG