Достапни линкови

logo-print

Лидерите на партиите гласаа на изборите во Грција


Денеска грчкиот народ бира; утре, почнува нова ера за Грција, изјави лидерот на Нова демнократија Адонис Самарас откако гласаше на денешните избори во земјата. Лидерот на Сириза Алексис Ципрас гласаше во централна Атина и изјави дека Грците го победиле стравот, јави дописникот на МИА од Атина. „Денеска го трасираме патот за надеж, за подобра иднина, за Грција на социјална правда и прогрес, еднаква членка на Европа која се менува. Иднината им припаѓа на оние што имаат надеж. Ние сме оптимисти, ние ќе победиме“ рече Ципрас. Лидерот на ПАСОК Евнагелос Венизелос откако гласаше во Солун, изјави дека земјата уште утре мора да има влада. Тој повтори дека само влада на заедничка одговорност може да и помогне на Грција. „Потребен ни е моќен внатрешен фронт и кредибилитет за да ги задржиме сите позитивни аспекти од програмата за штедење и да го задржиме нашиот европски карактер“ рече Венизелос.
XS
SM
MD
LG