Достапни линкови

Почина саудијскиот принц Наеф


Принцот Наеф

Принцот Наеф

Саудијското кралско семејство соопшти дека, на 70 годишна возразт, починал принцот Наеф, кој беше прв престолонаследник. Според денешното соопштение на саудијскиот крал Абдула, принцот Наеф ќе биде погребан утре во Мека. Државната телевизија јави дека принцот починал во болница надвор од земјата. Тој беше болен неколку месеци и се лекуваше во Швајцарија. Наеф беше министер за внатрешни работи на Саудијска Арабија од 1975-та година и беше еден од најзаслужните за расчистувањето на ќелиите на Ал Каеда во таа земја.
XS
SM
MD
LG