Достапни линкови

logo-print

Почнува разврската по групи


Од вечер решавачки натпревари, во исто време.. Во А групата, Чешка - Полска и Русија - Грција.

Од денеска на Европското првенство во фудбал, стартуваат конечните пресметки по групи за пласман во натамошната фаза од шампионатот. Двата дневни натпревара се играат во исто време, со почеток во 20 часот и 45 минути. Старува групата А, со натпреварите меѓу Полска и Чешка во Вроцлав и Русија – Грција во Варшава. Теоретски шанси за пласман имаат сите 4 екипи, но во најповолна ситуација се Русија и Чешка, на кои им е доволен и нерешен резултат во денешните натпревари за останување на ЕП. Полска само со победа над Чешка може да оди натаму, а шансите на Грција се најмали, бидејки, дури и да победи, зависи од исходот од другиот натпревар.

Инаку, полската репрезентација вечер за прв пат на шампионатот ќе игра во Вроцлав, каде што Чесите веќе се чувствуваат како домаќини, бидејки и претходните два натпревара, со Русија (1-4) и со Грција (2-1), ги играа во Вроцлав. Вроцлав е во близина на границата со Чешка, па чешките фанови се доминантни во трите фан зони во тој град. На нивните тренинзи во градот доаѓаа и по 30.000 љубители на фудбалот, а досега и полјаците навиваа за нив. Вечер, за прв пат, чесите нема да ја имаат подршката од домаќините, но затоа десетици илјади чеси заминаа за Вроцлав на решавачкиот натпревар против Полска.

Натпреварот на Русија против Грција во Варшава е со висок ризик, главно поради тепачките меѓу руските и полските навивачи пред неколку дена низ улиците на Варшава. Повторно во Варшава се очекуваат околу десетици илјади руски навивачи. Рускиот претседател Владимир Путин неделава побара од полскиот премиер Доналд Туск да превземе мерки за безбедноста на навивачите.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG