Достапни линкови

Пад од 1,4% на македонскиот БДП


Бруто домашниот производ во првиот квартал од оваа година бележи пад од 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2012 е забележан пад во секторите - Градежништво од 9,8 отсто, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 9,6 отсто и секторот Сообраќај, складирање и врски пад од 0,1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година номинално расте за 2 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 78,6 отсто. За истиот период ,извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3,7 отсто, а увозот на стоки и услуги номинално опадна за 4,6 отсто.
XS
SM
MD
LG