Достапни линкови

Тензично на вториот круг претседателски избори во Египет


Во Египет денеска и утре се одржува вториот круг од претседателските избори во кој се пласираа кандидатот на Муслиманското братство, Мухамед Мурси и последниот премиер од времето на владеењето на Хосни Мубарак, Ахмед Шафик. Политичките тензии во Египет се исклучително високи, бидејки едните сметаат дека доколку победи Мурси, Египет ќе стане исламистичка држава, додека пак други страхуваат дека доколку победи Шафик, тоа ќе значи враќање на владеењето во стилот на Мубарак. Околу 150.000 војници се распоредени за обезбедување на мирот за време на гласањето.
XS
SM
MD
LG