Достапни линкови

САД со директни акции против милитанти во Јемен и Сомалија


Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама поднесе полугодишен извештај до Конгресот за воените операции на американските сили, во кој има потврда и за директни акции против милитанти на Ал Каеда во Јемен и во Сомалија. Соединетите Држави досега не ги потврдуваа извештаите дека безпилотни летала ракетираат цели во тие две земји. Во извештајот се наведува дека милитантите поврзани со Ал Каеда во Јемен, моментално се најопасни.
XS
SM
MD
LG