Достапни линкови

Руското знаме заменето со Советско по грешка


Варшава 12 Јуни 2012
Варшава 12 Јуни 2012

Ненамерна грешка која се случи во најлош момент, изјави водителот на полската ТВП 1 Пјотр Краско.

Водителот на полската ТВП 1 Пјотр Краско јавно се извини поради тоа што неговата станица по грешка го прикажала старото советско знаме, а не руското при извештај за Европското првенство кое се игра во Полска и Украина.

Ова знаме се појави ден по тепачката меѓу руските и полските навивачи во Варшава. Крско изјави дека тоа знаме се појавило затоа што било подготвено за извештај за претходните мечеви меѓу Полска и Советскиот Сојуз.

Тој објасни дека грешката била ненамерна и дека се случила во најлош момент.
XS
SM
MD
LG