Достапни линкови

Субрата Рој има намера да инвестира во Македонија


Индискиот мултимилијардер Субрата Рој денеска во Скопје изјави дека планиора да инвестира во Македонија. Тој по средбата со Премерот Никола Груевски не кажа во кој сектор бви била инвестиоцијата и колкава би била освен дека ќе биде голема.
Тој на средба со владиниот економски тим беше запознат со можностите за инвестирање во Македонија, а подетално со состојбите на терен ќе биде запознат во наредните денови при посета на повеќе региони во земјава.
Индискиот мултимилијардер, е основач и сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, Компанијата има капитал од приближно 65 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети.
XS
SM
MD
LG