Достапни линкови

Без завршна декларација од самитот на ПСЈИЕ


Самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа заврши денеска во Белград без усвојување на заедничката декларација. Заменик министерот за надворешни работи на Албанија Сељим Бељортаја, изјавил дека и покрај добрата волја со која допатувал на самитот не може да го поддржи тој текст оти, како што рекол, не е доволно конструктивен. ,,Оваа декларација не можеме да ја прифатиме оти е неопходно во неа да се рефлектира споменувањето на постигнатите договори меѓу Белград и Приштина и целосно спроведување на тие договори“, изјавил Бељортаја.
XS
SM
MD
LG