Достапни линкови

СДСМ ќе ги враќа старите имиња на улиците


Пратеникот Андреј Петров од СДСМ ги повика граѓаните да не ги менуваат личните документи, зашто кога ќе дошле на власт, ќе ги врателе старите имиња на улиците.

Опозицискиот СДСМ најави дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ја ревидираат одлуката за промена на имињата на улиците во Скопје. Партијата денеска одржа мирен протест поради одлуката на Советот на Град Скопје за преименување на дел од улиците, булеварите, мостовите и плоштадите во Скопје. Протестот се одржа на мостот на улицата „Стив Наумов“, кај хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ го заработи најсрамното место во поновата македонска историја. Тие подмолно сакаат да го избришат ликот и делото на Стив Наумов, а во исто време да го величаат крвникот на македонскиот народ Тодор Александров.

„ВМРО-ДПМНЕ го заработи најсрамното место во поновата македонска историја. Тие подмолно сакаат да го избришат ликот и делото на Стив Наумов, а во исто време да го величаат крвникот на македонскиот народ Тодор Александров. Овој историски геноцид ќе остане црно петно на Груевски и неговите послушници. Почитувани граѓани, нема потреба да ги менувате вашите лични исправи. Никоја нема право да го прекројува македонскиот идентитет. Оваа насилничка одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае само девет месеци до локалните избори. По изборите истата ќе биде ревидирана“, изјави пратеникот и секретар на опозицискиот СДСМ Андреј Петров.

Од Советот на Град Скопје, пак, велат дека улицата „Стив Наумов“ во централното градско подрачје нема целосно да се брише, туку ќе се дислоцира, односно друга улица ќе го носи името на овој народен херој.

Претседателката на советот, Ирена Мишева по протестот ги негираше, како што вели, лажните тврдења со кои се злоупотребат емоциите на граѓаните. Таа изјави дека недемократските и нецивилизациските пракси кој ги промовира СДСМ треба да прекинат, и советниците наместо да ги напуштаат седниците на советот и прават опструкции треба да седнат заедно за да разговарааат за заеднички разумни решенија.
Мишева истакна дека целата постапка околу промена на имиња на улици во Скопје е транспарентна а Советот неколку месеци се занимава со оваа проблематика.
Советот на Град Скопје вчера донесе одлука да се преименуваат речиси 30 улици во Скопје. Тоа предизвика бурни реакции од опозицијата која во знак на протест ја напушти седницата кога се носеше одлуката. Во исто време пред бараките на Град Скопје се одржа протест на кој беше скршено едно стакло од објектот кога дел од групата што протестираше се обиде насилно да влезе во градското собрание.
Мишева денеска го осуди вчерашниот инцидент кој се случи пред објектот на Град Скопје.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG