Достапни линкови

Билд: На Балканот веќе нема промени на границите


 Карл Билд

Карл Билд

На Балканот повеќе нема да има промени на границите, конфликти и војни, бидејќи овој регион има европска иднина, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, во интервју за сајтот „ЕУинсајд“. Според Билд, балканскиот регион има европски дневен ред: економски реформи, социјален напредок и правен поредок, но Балканот се уште треба да ги реши проблемите со организираниот криминал и корупцијата. Тој додаде дека не очекува Грција да ја напушти еврозоната. ,,Одлука за тоа ќе донесат Грците,, рече Билд и потсети дека на анкетите кои покажуваат дека Грците се решително против излезот од еврозоната.
XS
SM
MD
LG