Достапни линкови

Македонско претседателство со ПСЈИЕ


Македонија останува посветена на промоција на принципите на добрососедство и помирување во регионот, преку европските и евроатлантските интеграции. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Белград, а по повод преземањето на македонското претседателство со овој процес. Македонија следната година во јуни ќе биде домаќин на Самит, на кој, како што наведе Иванов, фокусот ќе биде на две актуелни и тесно поврзани прашања од глобално значење: намалувањето на ризиците од катастрофи и адаптацијата кон климатските промени. ,,Само со соработка ќе ги надминеме предрасудите во регионот и ќе ги интегрираме нашите земји во Европската унија. Предрасуди кои го оптоваруваа минатото, кои ја ограничуваат способноста да се живее сегашноста и се уште можат да бидат закана за иднината,, потенцира Иванов.
XS
SM
MD
LG