Достапни линкови

logo-print

Протестно возење поради забрана на српски регистерски таблички во северно Косово


Десетици автомобили тргнаа денеска од Косовска Митровица и Звечан на протестно возење до гранични премините на север во Косово. Со тој потег тие искажуваат несогласување со одлуката на приштинските власти кои забранија употреба на регистерски таблички кои МВР на Србија ги издава за граѓаните од Косово, јавуваат белградски медиуми.
Претставници на Срби ќе им предадат на припадници на Еулекс писмо во кое од нив и КФОР предупредуваат на почитување на Резолуцијата 1244 на СБ на ОН, статусна неутралност, почитување на човековите права според Европската конвенција и документите на ОН.
XS
SM
MD
LG