Достапни линкови

Индиски мултимилијардер во посета на Македонија


Слободна економска зона - Бунарџик

Слободна економска зона - Бунарџик

Во официјална посета на Република Македонија од денеска ќе престојува индискиот мултимилијардер Субрата Рој, основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“.
Субрата Рој е прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија. Тој доаѓа по покана од македонската Влада, која му беше врачена за време на економската турнеја во Индија.
Индискиот магнат ќе посети повеќе локации каде што би можел да инвестира во различни сектори и дејности, како земјоделство, образование и туризам.
XS
SM
MD
LG