Достапни линкови

logo-print

Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ


Архивска фотографија: Самитот на шефови на држави и влади на членките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на Свети Стефан во Црна Гора на 30 јуни 2011 година.

Архивска фотографија: Самитот на шефови на држави и влади на членките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на Свети Стефан во Црна Гора на 30 јуни 2011 година.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на членките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Белград. Македонија ќе го преземе едногодишното ротирачко претседателство со ПСЈИЕ од Србија. Земјава веќе еднаш беше претседавач со ПСЈИЕ во 2000-2001 година. Иванов ќе има обраќање на Самитот, а на маргините е предвидено да има и неколку билатерални средби.

Во Белград вчера се одржа министерски состанок на ПСЈИЕ на кој учествуваше шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Полноправни држави-учеснички во ПСЈИЕ се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Молдавија, Црна Гора и Словенија.
XS
SM
MD
LG